СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Сплотено против реформите кои не направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение! „Поттикнати од идејата за основање на младинско тело кое на едно место ќе ги обедини сите средношколци од Република Македонија, членовите на Иницијативата за основање на Средношколски Пленум ја информираат јавноста, средношколците, граѓаните, дека во тек се […]

Анкета

Пашања: Во која држава студираш? Што мислиш за средното образование во Македонија? Зошто се реши да студираш надвор, а не во Македонија? Како си задоволен/на од досегашното студирање во странство? Одговор 1: Италија Сметам дека средното образование во Македонија не дава доволно добра основа на средношколците Се решив да студирам надвор за да имам повеќе […]

Го поткопувате образованието, размислете за вашите деца, за иднината!

Почитувани господа од Министерството за Образование и Наука, земајќи ги во предвид претходните наши дејствувања преку и надвор од институциите, вие изгледа нас сеуште не сте нѐ разбрале и не нѐ разбирате. Па ние почнувајќи од 14 па се до 19 годишна возраст, незнаеме како повеќе да ви објасниме. Не ни треба нов модел на […]

Поддршка за претставката НП до Уставниот суд за оспорување на екстерното тестирање

Средношколскиот Пленум, изразува јавна поддршка и недвосмислено застанува зад групната преставка на Наставничкиот Пленум доставена до Уставниот суд, а со која се оспоруваат членовите од Законот за основно и средно образование, кои во најголем дел се поврзани со екстерното тестирање. Оттука, потсетување на нашето барање испратено до ресорното министерство, во март годинава, во кое побаравме […]

Поднесен групен приговор до подрачната служба на МОН и ДПИ во Тетово

Соопштение за јавноста, 11.06.2015 Средношколскиот Пленум – Тетово денеска во просториите на подрачната служба на Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот просветен инспекторат (ДПИ) поднесе групен приговор за есктерното тестирање. Уште едно „НЕ“ за лошите реформи во образованието. Претставници на СП Тетово, денеска  поднесоа групен приговор за пропустите, нелогичностите, апсурдите и грешките во […]

Претставата „Есктерно тестирање“ е трагедија во која нема место за публика, ајде сите на сцена!

Последна реприза на трагедијата „Екстерно тестирање“ во режија МОН. МОН, ви тврдевме и се убедувавме дека технички проблеми постојат, дека прашањата не се во ред, нема понудени одговори, понудените одговори не се точни, меѓутоа вие не сакавте да слушате. Егото и ароганцијата ве удрија во глава. Само затоа што сме деца, не значи дека е со […]

За екстерното тестирање кај нас и во другите европски земји

Екстерните проверки се дел од некои образовни системи. Ваквиот модел на проверка се користи како еден од начините да се добие јасна слика за степенот на исполнување на стандардите во образованието. Овие проверки ги спроведува државата (преку надлежни министерства или испитни центри) или се дел од меѓународни проекти (PISA,TIMSS,PIRLS) и тие се показател на некои […]

[ВО ЖИВО] #СредношколскиФронт во паркот на новинарите

„Булевар“ преку блогот во живо ексклузивно ви ги пренесува настаните од „средношколскиот фронт“ на Средношколскиот Пленум кој започна денес во паркот на новинарите.  Настаните може да ги следите тука, а вашите фотографии и информации може да ги испраќате на нашата„Фејсбук“ страница, на социјалните мрежи со хаштагот #СредношколскиФронт или во коментар на постот. СП од денес започнува […]

Министре, ви истече времето

Средношколците не се демотивирани по неуспешната средба со Адеми. Напротив – од денеска поставија шатори во Паркот на новинарите. Тука ќе се дружат, ќе спијат, ќе организираат разни алтернативни активности… Текст на МКД.мк „Тука ќе бидеме 24 часа, ќе преспиваме во кампот. Ако во 3-4 часот наутро се појави расположение кај министерот Адеми, па може […]

Можеби е доцна, но не е ни предоцна

Утре, ќе се одржи уште еден протест, во Тетово, во 11 часот, преку кој се изкажува незадоволството за лошите реформи во образованието. По низа маршови и бојкотот на настава, кој сеуште се одвива во училиштата низ Македонија, пораката за лошите реформи ќе ја искажеме дополнително со овој протест. За да не бидеш газен, користен како […]

Пробуваат да нè закопаат, не знаат дека сме семе

Повеќе од 18000 средношколци оваа недела покажаа дека желбата за квалитетно средно образование е поголема од сите претрпени притисоци и закани. СТОП за лошите реформи во средното образование. #ПоздравПленумци

СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје @ #Бојкот5

Петти ден од бојкотот во средното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје. Гимназијата, заедно со „Орце Николов“, беа првите училишта во Скопје кои уште во петокот го започнаа бојкотот на наставата.

СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово @ #Бојкот

За бојкот на настава се одлучија и кумановските гимназијалци. Меѓудругите кумановски училишта, еве како беше во СОУ „Гоце Делчев“.