Баталете ги политичките партии, ние сме вашата закана!

Со инспиративен говор на средношколката Евгенија Јанакиеска од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, вчера заврши средношколскиот марш пред Министерството за образование, на кој учествуваа неколку илјади ученици и нивни поддржувачи.

– Денови ли се денови, средношколски маки големи! Ние не сме некои кои можат да бидат лесно изигнорирани и изманипулирани. Баталете ги сите политички партии, ние сме вашата закана, од нас треба да се плашите – рече Јанакиеска.

Средношколците порачаа дека очекуваат одговор од Министерството за образование – екстерното тестирање да се стави во мирување. Маршот беше масовен и помина без инциденти.

[Видео] Средношколски марш во Скопје

(Плусинфо)

Напишете коментар