Го поткопувате образованието, размислете за вашите деца, за иднината!

Почитувани господа од Министерството за Образование и Наука, земајќи ги во предвид претходните наши дејствувања преку и надвор од институциите, вие изгледа нас сеуште не сте нѐ разбрале и не нѐ разбирате. Па ние почнувајќи од 14 па се до 19 годишна возраст, незнаеме како повеќе да ви објасниме. Не ни треба нов модел на екстерно тестирање со стара основа и матрица. Не ни треба старо-подновен модел на екстерно тестирање. Ни треба реален начин на проверка на состојбата без никакви санкции на оценките на учениците, платите на професорите и наставниците со што би си играте со нашата иднина, со иднината на професорите, родителите, просто со цела држава. Но, бидејќи ваков концепт не сакате да овозможите, потребно е и неопходно укинување на екстерното тестирање. Да! Укинување! Сега разбравте, укинување! Не! Не разбравте, но можеби ќе разберете наскоро, кога ќе ја видите толпата на средношколци, наставници, родители и сите обединети под мотото подобро образование, поквалитетно образование, образование без компромис и кое уште не! Можеби тогаш ќе разберете, кога ќе нѐ видите од прозорите на МОН. Но ништо. Очигледно повторно нема да нѐ разберете. Сега ќе се обидеме да ви опишеме и објасниме повторно. Екстерното вакво или такво, старо-ново го гледаме како десеттиот круг на пеколот. Не зашто ни е тешко да научиме. Бидејќи е навистина нереално, субјективно, апсурдно, небулозно… Ајде да не одиме на училиште и на секои три месеци (или како и да е планирано), да дојдеме, да го решиме екстерното тестирање и толку. Толку од нашиот труд, трудот на наставниците, професорите кои навистина инвестираат во нас, но ЏАБЕ! Трудот го поткопувате и закопувате. Сега нѐ разбирате?! Но ајде нема да одговориме по трет пат на ова прашање. Размислете самите. Размислете не за нас, туку за нашата иднина. За иднината на оваа земја! Доста ни е веќе! Доста е од неквалитет, апсурд, реформи! ДОСТА Е!

Напишете коментар