Нема да не замолчите, ќе ви покажеме дека сме многу посилни отколку што сметавте!

Непосредно пред вториот најавен марш на Средношколскиот пленум, средношколците ги дочека шокантна вест: Унијата на средношколци на Македонија која има неактивен статус од 2013 година успеа само 2 дена откако даде изјава за медиумите да издејствува средба со Раководството на МОН. Да потсетиме дека Средношколскиот Пленум што е сосем различен од Унијата на Средношколци испрати […]

Вашиот обид за амортизација на нашата борба нема да успее, вашите смешни постапки нè охрабруваат да продолжиме да се бориме!

Реакција на Средношколски Пленум Битола, по повод средбата на Министерството за образование и наука со извесна Унија на Средношколци. Убаво изиграно.  Паметни дечки сте вие. Браво за брзото дејствување, навистина, доста брзо успеавте да договорите средба со МОН и да ги добиете вашите барања, но, имаме една малечка забелешка: требаше да се потрудите да бидете […]

Колку повеќе бегате од проблемите, толку повеќе го распламнувате нашиот средношколски борбен дух

Мислите се повлековме, се откажавме? НИЕ ДОПРВА ПОЧНУВАМЕ! Мислите ќе успеете да не запрете? Ни на крај памет да не ви падне такво нешто! Средношколскиот дух од ден во ден станува се посилен, се поцврст, понеуништлив! Мислите дека добивате на време со тоа што ни одолговлекувате? Не драги наши господа, само полошо си правите. Колку […]

Ја срушивме колективната апатичност која ни ја наметнавте

Почитувани (дури не знам веќе дали заслужувате така да ви се обратам), Неизмерен е гневот што го создадовте кај средношколецот со воведувањето на екстерното тестирање кое има за цел преку 30 банални прашања да го оцени неговиот интелектуален напредок, неговото акумулирано знаење, неговата целокупна активност и заложба во текот на целата учебна година, неговата страст […]

По втор пат ќе се маршира во Скопје и Тетово

Втора „тура“ средношколски маршеви низ републиката. За 1-ви април, Средношколски Пленум на марш во Скопје, ден потоа, ќе се маршира и во Тетово. „Нашиот марш во Среда нема да покаже страв од учење туку жед за знаење. За она вистинско знаење што секој од нас го заслужува. Заедно да и покажеме на оваа земја дека […]

Средношколски Марш Скопје

СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Драги соученици,студенти, професори, родители, граѓани, сите вие кои сте загрижени за правецот во кој се движи средното образование, придружете ни се на вториот средношколски марш во среда, 1 април, да покажеме дека цврсто стоиме зад нашите ставови и не се откажуваме од нашите барања, враќање на стариот концепт […]

Како да се санкционираат повредувањата на законските и уставните права?

Во случај на повреда на законските и уставните права, секој средношколец може да го исконтактира Народниот правобранител. [Ова е само кога се повредени поединечни права на граѓаните со акти или дејства на органите на државната управа и другите органи и организации што имаат јавни овластувања] Секој граѓанин на Република Македонија чии законски и уставни права […]

Баталете ги политичките партии, ние сме вашата закана!

Со инспиративен говор на средношколката Евгенија Јанакиеска од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, вчера заврши средношколскиот марш пред Министерството за образование, на кој учествуваа неколку илјади ученици и нивни поддржувачи. – Денови ли се денови, средношколски маки големи! Ние не сме некои кои можат да бидат лесно изигнорирани и изманипулирани. Баталете ги сите политички партии, ние […]

Средношколскиот Пленум поднесе барање до МОН и БРО: Не за екстерното, дебата со аргументи

Средношколскиот Пленум вчера до Министерството за образование и наука (МОН) и до Биро за развој на образованието (БРО) поднесе барање за мирување на законските одредби за екстерно тестирање.  „НИЕ, Средношколскиот пленум, укажуваме дека екстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди, е неспроведливо и е дел од „реформи“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да […]

Реакција: Негативната кампања против Пленумот не ги прикрива лошите закони во образованието

Лошите закони не може да се прикријат со негативната кампања насочена кон оние кои се борат за поквалитетно образование.  Средношколскиот Пленум најостро ги осудува овие најниски начини да се девалвира работата и активностите на поединци во Пленумот. Негативната кампања нема да ја сокрие вистинската слика за образованието во Македонија, таа само ја потврдува платформата на […]

[ДЕБАТА] Средношколски активизам за промени во средното образование

Пленумите од студентите и професорите се проширија и на средношколците и на наставниците. Иако во периодот што измина во јавноста доминираше активизмот на студентите и проблемите во високото образование, формирањето на Наставничкиот и Средношколскиот пленум повторно фрли акцент и на многубројните проблеми во средното образование. Кои се барањата на двата пленуми? Зошто средношколците протестираат против […]

Состанок на отворено: „Не за математика како задолжителн предмет за матура“

Средношколскиот пленум денеска го имаше својот прв отворен состанок кој се оддржа во градскиот парк во Скопје. Неговата цел беше да ги презентираме нашата предлог – структура и нашите барања кои ги предложивме на претходно оддржаните затворени состаноци. На состанокот исто така беше изгласана и дефинирана структурата на средношколското движење. Меѓу другото, сакаме да ја […]