Груб обид на МОН да го задуши револтот кај средношколците, ние го имаме нашето „ЈАС“!

фото: В. Џамбаски

фото: В. Џамбаски

Средношколскиот Пленум најостро го осудува новиот чекор на Министерството за образование и наука (МОН) со кој преку класните раководители се бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот, со цел да се изврши задушување на средношколскиот револт.  

Средношколскиот Пленум новата одлука на МОН со која се бара согласност од родителите ја смета за груб притисок врз средношколците, и бојкотот воопшто. Ова, го оценуваме како злоупотребата на моќта на министерството во насока на дејствија против средношколскиот револт кој лошите реформи и ресорното министерство сè повеќе го потпалуваат.

Пленумот напоменува дека ваквите обиди за амортизација на нашата битка, својата неуспешност ја покажуваат на дело. Прашање е, само како министерството се „коцка“ со средношколците и образованието, кога иднината е кај нас? Зарем ќе се загрози и образованието, најефтиниот пат до успехот?!

По негативната кампања и некои професори, преку „викендашката“ Унија, министерството својата неуспешност ќе ја „теши“ во притисоци кон родители. Со ваквите обиди, МОН само ја покажува својата положба, иако во јавноста убедува за спротивното. Барањата на Пленумот се исклучително важни за подобрување на образовниот систем (и на државата, воопшто), нешто за кое и самото министерство е повеќе од свесно. Но, не секој може да го каже тоа.

Но важно е! Ние, можеме! Ние го имаме нашето „ЈАС“. И можеме гласно да кажеме, „СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“!

Напишете коментар